Доколку ве интересираат трендовите и го следите она што излегува ново, а што оди во заборав, сигурно сте забележале дека некои парчиња остануваат засекогаш живи, но дека начините на нивно комбинирање на крајот се менуваат.
Меѓу безвременските парчиња се и тренерките кои жените ги обожаваат поради нивната удобност, практичност и различни дизајни.
Веста која ја израдува и машката и женската популација е дека тренерката може да се носи на спортски и елегантен начин.
1. Лежерно, и деловно
Црната тренерка во оваа комбинација ќе изгледа како широки црни панталони и целосно ќе одговара за одење на работа.
2. Тренерки, дуксер и штикли
Комбинација која не можевте да замислите дека ќе биде популарна. Сепак, оваа идеја се покажа како одлична, а девојките ја обожаваат и со задоволство ја носат.
3. Стајлинг за секој ден
Оваа комбинација ја прославија познатите дами, а во секој момент изгледаат феноменално. Со добра комбинација на парчиња ќе изгледате како да се упатувате на модна писта, а не во град на пијачка.
4. Поврзувањето на некомпатибилното
Овој вид на комбинација може да испадне добро кога најмалку го очекуваме. Сивата тренерка искомбинирајте ја со беж јакна, а за уште понеобичен изглед ставете мини чанта преку градите.