Силен имунитет мора да се одржува во текот на целата година, особено на преминот на годишните времиња за време на глобалната пандемија на коронавирус. Освен тоа, сезонскиот грип и настинките го напаѓаат и имунолошкиот систем, па превенцијата од народната аптека е клучна за зачувување на општото здравје на организмот. Познатиот руски билкар Дмитриј Јуровски препорачува билен чај со две билки кои ќе го зачуваат вашето тело.
Кантарион и оригано
Во Русија отсекогаш биле високо ценети кантарионот и чајот од диво оригано. Има антиоксидантно и антибактериско дејство, ја зголемува отпорноста на вируси, а дополнително ги ублажува симптомите на депресија. Кантарионот е познат по своето антибактериско и антивирусно дејство, а благодарение на неговото антивоспалително дејство се користи за рани и изгореници.
Се користи и за чир на желудникот и дуоденумот, за дигестивни нарушувања, за поттикнување на лачењето на желудечниот сок и за олеснување на варењето. Ориганото се користи во традиционалната медицина илјадници години. Активните соединенија кои му даваат на растението уникатен и пријатен мирис се тимол, пинен, лимонен, карвакрол, оцимен и кариофилен. Се верува дека ориганото содржи голем број на моќни антиоксиданси и дека има антибактериско дејство.
Рецепт за правење пијалок од кантарион и оригано
Измешајте половина лажичка кантарион со иста количина диво оригано. Смесата прелијте ја со 250 милилитри врела вода и оставете ја да отстои еден час. Конзумирајте една до две чаши од напитокот секој ден, додавајќи малку млеко или мед по ваш вкус.
Овој чај не се препорачува за трудници и пациенти кои страдаат од хипертензија.