Веќе сте го носеле, пребарајте низ ормарот: Ова парче облека во пепито и црно-бело кариран дизајн е апсолутен тренд на сезоната!

popara8 ноември, 20211min00
aa675c2e4ad6cc64a1f2e8bf3a3dbfe6d98c524a

Веќе бевме сведоци на враќањето на модните трендови кои ги носеа нашите мајки, а понекогаш и баби, во изминатите две сезони. Сепак, на секои неколку сезони наидуваме на еден тренд, а овој пред нас е еден од нив.

Станува збор за дезен со дијаманти, кариран и пепито кој е во тренд оваа сезона кога е во прашање машката мода, а особено женската. Годинешните колекции се преполни со вакви дизајни, а око ни привлекоа панталоните со широки ногавици во пепито дизајн. Покрај долгите панталони, ќе се носат и популарните килоти, односно широки панталони до колена и бермуди кои летово беа апсолутен тренд.

Карираното ќе се носи во комбинација од волна и популарни Шанел кроеви. Покрај тоа, одлично ќе се носи и како јакни или палта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma