Кошничките со овошје сигурно ќе ви бидат интересни, а не се тешки за правење.
Како се прават?
Состојки:
200 гр мелени бисквити
150 гр маргарин
кесичка пудинг со вкус на бело чоколадо
500 мл млеко
5 лажици шеќер
голема чаша зрна од калинка
Во сад истурете 300 мл млеко и 5 лажици шеќер, ставете го на шпорет и почекајте да зоврие. Сварете го пудингот со преостанатите 200 мл млеко, па додадете го во зовриеното млеко и варете. Тргнете го филот од ринглата, ставете го во сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете да се излади.
Истурете ги бисквитите во сад, додадете го растопениот маргарин, промешајте и со калапи направете корпи кои треба да ги ставите во фрижидер да се стегнат. Изладениот фил малку изматете го со миксер, истурете го во кесичка и со него наполнете ги корпите од бисквити кои претходно внимателно сте ги извадиле од калапот. Преку филот наредете зрна од калинка. Пред сервирање ставете го во фрижидер.