Препознајте ја ЛАЖНАТА шминка што ви ја нудат на ИНТЕРНЕТ

popara8 ноември, 20211min00
c262608cd3cf21e1c20aeca1f8b719bb6842864b

Лажната шминка може трајно да ја оштети вашата кожа.

Популарните блогерки секојдневно носат нови туторијали со совети како да се нашминкате, но и која скапоцена шминка е најдобро да ја имате. Оваа скапа шминка чини и до неколку стотици евра, па интернетот е полн со лажни производи, кои можат да бидат со екстремно лош квалитет и да и наштетат на вашата кожа.

Ризикот од купување лажна шминка

Лажната шминка може да има огромни последици по вашето здравје. Студија спроведена од голема компанија која продава козметика, откри дека лажната шминка содржи траги од измет од стаорци, канцерогени честички и човечки отпад. Исто така, студија на американското ФБИ докажала траги од разни бактерии, алуминиум и отровни честички како арсен и берилиум.

Меѓу најопасните елементи кои се наоѓаат во лажните марки е оловото кое влијае на сите органи во телото, а мозокот е најчувствителен на ефектите од тој елемент.

Како да препознаете лажна шминка?

Доколку сте нарачале шминка од интернет и не сте сигурни дали е лажна или не внимавајте на следните детали:

анализирајте го логото

проверете го фонтот на пакувањето

проверете ја репутацијата на продавачот

проверете дали производот има етикета на списокот со состојки

Најголемото предупредување едноставно може да биде цената по која се продава луксузниот бренд, па затоа внимавајте што купувате за да не предизвикате бројни здравствени последици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma