ДЕТАЛ КОЈ СИТЕ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО ПРОПУШТЕА: Адел се вери неколку месеци по официјалниот развод?

popara8 ноември, 20211min00
Adele

Папараците ја фотографирале Адел додека се упатувала на вечера во кинески ресторан, а поради еден детал сите се убедени дека пејачката се верила во тајност.

Можеби Адел го финализираше разводот оваа година, но ако им се верува на наводите на странските медиуми, изгледа дека решила повторно да оди до олтарот.

Имено, папараците неодамна ја фотографираа пејачката на пат кон ресторан каде што требала да се сретне со својот менаџер и момчето, а од моментот кога фотографиите се појавија на интернет, фановите се убедени дека пејачката тајно се верила. Причина за шпекулациите е специфичен прстен кој таа досега го нема носено, а особено не на тој прст. Фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ.

Да потсетиме, во последните месеци цел свет зборуваше за фантастичната трансформација на пејачката која успеа да ослабе дури 50 килограми.

По трансформацијата и разводот, ја поврзуваа со контроверзниот рапер Скепт, но таа решително го демантираше тоа, за да се испостави дека е во врска со спортскиот агент и милијардер Рич Пол. Фановите се согласуваат дека пејачката одамна не изгледала толку добро, но и дека претприемачот успеа да и ја врати насмевката на лицето по повеќе од болниот развод со поранешниот сопруг.

Колку и е убаво во новата врска и самата Адел потврди во неодамнешното интервју за „Вог“ кога неколку пати повтори дека „сака да биде во негово друштво“ и дека „сака сè во врска со него“. Останува да видиме дали навистина пејачката повторно го кажала судбоносното „да“ или сепак ова е случајност и само ново парче накит.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma