Дали ова е пресврт или нешто друго?
Во декември го очекуваме продолжението на познатата серија „Sex and City“ која се вика „And Just Like That…“ и е полна со интригантни моменти. Една од нив дефинитивно е сцената кога Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) се бакнува со човек чиј идентитет засега е познат, а го игра актерот Џон Тени.
Токму тие фотографии од сетот на серијата „And Just Like That…“ ги започнаа гласините дека главната хероина завршила со Ѕверот. Сепак, како и секоја сапунска опера, тоа не е крајот.
Имено, се појавија нови фотографии на кои Кери Бредшо е заедно со Ѕверот. Двајцата се возеа во кочија, се смееја, а имаше и прегратки.
Ова беше последниот ден од снимањето на Крис Нот, кој го игра Ѕверот, кој беше исполнет со емоции и добра атмосфера.
Со право, се поставува прашањето. Кери ќе биде со Ѕверот или со човекот кој го глуми Џон Тени?
Дефинитивно ќе дознаеме кога ќе ја гледаме серијата „And Just Like That…“ која ќе се емитува на платформата HBO Max.