Сличноста е неверојатна: актерката целосно ја одглуми принцезата Дијана (ФОТО)

popara8 ноември, 20211min00
1636381337-profimedia-0641835711-900x740

Се појавија фотографии од снимањето на претстојната петта сезона на глобално популарната серија „Круна“, а посебно внимание привлече актерката Елизабет Дебицки, која го толкува ликот на принцезата Дијана.

Од 2016 година, кога се емитуваше првата епизода, серијата „Круна“ привлече големо внимание кај гледачите ширум Светот. Оваа историска драма им даде можност досега да ја интерпретираат кралицата Елизабета Втора на актерките Клер Фој, оскаровките Оливија Колман и Имелди Стаунтон.

Сепак, фотографиите од снимањето на петтата сезона, која светлината на денот ќе ја види во 2022 година, се особено интересни за љубителите на оваа серија бидејќи на нив се гледа актерката Елизабет Дебицки во улогата на трагично починатата принцеза Дијана.

За потребите на новите епизоди, Елизабет го носеше познатиот краток црн фустан кој некогаш го носеше Дијана.

Станува збор за реплика на креацијата на грчката дизајнерка Кристина Стамболијан.

Многу фанови на оваа хит серија коментираа дека сличноста меѓу Дебицки и Дијана е неверојатна, а дека креаторите на „Круна“ направиле одличен избор со изборот на оваа актерка.

Погледнете ги фотографиите во галеријата подолу.

1636381322-profimedia-0641835697-900x1274
1636381327-profimedia-0641835696-900x819 (1)
1636381327-profimedia-0641835696-900x819
1636381332-profimedia-0641835705-900x919
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma