Судејќи според Инстаграм, но и листата на најпопуларни артикли во третиот квартал од оваа година, дефинитивно да!
Сатенските платформи освоија се во секунда. Квадратниот врв, платформата и стабилните потпетици ги лансираа овие чевли во модната стратосфера. Тие се појавија на пазарот во неколку бои, но светло розовата варијанта во Барби стил беше прифатена уште пред да се појави на полиците (а скоро еднакво брзо исчезнуваат и сите други бои веднаш штом се појават на залиха).
Ова не не чуди, бидејќи девојките како Аријана Гранде, Бијонсе и Дуа Липа веднаш го прошетаа својот пар. А мигот брзо го фатија и блогерките и инфлуенсерките како Кјара Ферања и српската Тамара Калиниќ.
Иако на прв поглед се чини дека овие впечатливи чевли се комплицирани за комбинирање, во пракса се покажа дека одлично одат со повеќето комбинации. Со сатен кој светка и блескави камења на каивчето околу глуждот, ова дефинитивно не е модел за срамежливите.
Кога сакате да го погледнете светот од висина, овој чевел ќе ви помогне во тоа, бидејќи петата е висока 15 cm, додека платформата на предната страна е 5 cm, со цел да се обезбеди рамнотежа и безбеден чекор за сите што ги носат. Ниту вртоглавата висина на петицата, ниту цената од околу 1.000 евра не влијае на тоа што речиси сите бои постојано се распродадени. Ви носиме идеи како да ги стилизирате овие моќни (и недофатливи) чевли. Се разбира, кога ќе се појават на полиците на оние малку попристапни брендови. А ќе се појават!