За многумина, порно филмовите се нормален, составен дел од животот. Додека други сè уште имаат екстремно високи предрасуди за гледање каква било еротска содржина. Се разбира, на крајот на краиштата, секој има право на свое мислење и избор. Како што пишува Shape.com, постојат голем број на митови за стигмата на порнографијата, па решиле да прашаат двајца експерти за сексуалност кои се вистините и што луѓето најчесто грешат кога е во прашање оваа тема.
Мит број 1: Порнографијата е лоша за вас
Порнографијата сама по себе не е лоша – ниту морално, ниту физички, емоционално, ментално или духовно. Тоа е изведувачка уметност дизајнирана да возбудува и може да биде еден вид алатка за истражување на потенцијалните фантазии, пресврти и желби, но дефинитивно не е нешто што секој ќе го ужива. Ниту една алатка за задоволство, позиција или подобрување не е универзално пријатна. Ешли Коб, сексуална едукаторка и секс експерт, истакнува дека секој е различен и дека не е се за секого. Ако гледате порно филмови, треба да се чувствувате удобно знаејќи дека не правите ништо лошо. Меѓутоа, ако не уживате во тоа или сметате дека тоа влијае на вашата лична, емоционална, ментална или сексуална благосостојба – не правете го тоа. Постојат многу други начини да се зголеми возбудата без порнографија.
Мит број 2: Порнографијата е бесплатна
Карли С., сексуална едукаторка, истакнува дека бесплатната порнографија дефинитивно не е најдобрата порнографија. Создавањето таква содржина е работа и ако не плаќате за тоа, веројатно значи дека ниту луѓето вклучени во нејзината продукција не се платени да го прават тоа. Ако сакате да се обидете да се осигурате дека она што го гледате е етички направено, многу е лесно да се плати за да се гледа таква содржина бидејќи има платформи засновани на претплата.
Мит број 3: Целата порнографија е еднаква
Ако ги следите сексуалните едукатори на Инстаграм, ќе забележите дека името „етичка порнографија“ станува се попопуларно, во суштина претставувајќи ја личноста која ја создава оваа содржина и добива плата за нивната работа, а таа работа е создадена затоа што тие сакаат, а не затоа што тие мораат или се принудени да го сторат тоа. На потрошувачот му е тешко да разбере каква содржина е ваква, па затоа е важно да гледате докажани канали, апликации и платформи.