Сузи Бурели тврди дека тајната на витката линија лежи во правилно подготвената вечера која никогаш не треба да ја јадете после 20 часот.
Многу луѓе јадат најмногу храна за време на вечерата, а тоа е всушност најголемата грешка. На телото му треба пауза во текот на ноќта, па затоа последниот оброк во текот на денот не треба да има повеќе од 400 калории.
„Се случува во текот на денот да бидеме зафатени и да немаме време да јадеме правилни и хранливи оброци, па да јадеме нешто од нозе. Кога ќе се вратиме дома навечер се чувствуваме многу гладни и во тој случај посегнуваме по брза храна и јадеме многу повеќе отколку што навистина ни е потребно.После тоа, обично си легнуваме, а тоа е одличен рецепт за дебелеење“, вели таа.
„Не само што лесната вечера ќе ве натера да се чувствувате подобро и полесно, туку ќе имате помирен сон, а наутро ќе се разбудите гладни, што е одлично. На тој начин ќе имате побогат појадок кој ќе поттикне вашиот метаболизам и ве одржува сити подолго“.
Целта на диетата која ги топи килограмите е да ве запознае со рутина каде што појадокот ќе биде најобилен, а вечерата лесна. Ваквите оброци се патот до совршената тежина.
За да го следите ова правило и да останете во рамките на 400 калории, направете вечера богата со зеленчук и сведете ги протеинските порции на минимум.
Тоа може да биде помало парче говедско или бело пилешко и многу зеленчук или парче тост со малку намаз и зеленчук. Покрај тоа, пијте поголема чаша вода или чај без шеќер.