Персиското пилешко како што се јаде во Иран е ароматичен специјалитет кој својата сладост ја должи на фината маринада. Месото маринирано во смеса за зачини, се премачкува со лесна смеса за печење за по печењето да добие мека кора, а внатрешноста да остане сочна.
Состојки:
¼ чаши крупно сечкани листови од свеж коријандер
1 до 2 лажици свеж сок од лимета
1 мала лута пиперка
4 чешниња лук
1 лажичка ким
2 лажички куркума
½ лажичка кајен пиперка
1 сm ѓумбир
1 лажичка сол
4 парчиња пилешко по желба
2 големи јајца
1 чаша брашно (или повеќе ако е потребно)
масло за пржење
Подготовка:
1. Изматете ги коријандерот, сокот од лимета, излупената лута пиперка, лукот, кимот, куркумата, кајен пиперката, ѓумбирот и солта во густа паста, додавајќи една или две лажички вода за полесно да се измати смесата.
2. Јајцата се матат додека не се соединат и изматат. Во друга чинија ставете го брашното. Прво ставете го месото во брашното, истресете го вишокот и потопете ги во јајцата.
3. Пилешкото се пржи на многу масло додека не порумени и потоа се остава на кујнска хартија да се впие вишокот масло.
Послужете со салата и сос по желба.
Пријатно!