ЕМА ја одобри оваа вакцина за деца на возраст од 12 до 17 години во јули
Американската фармацевтска компанија Модерна денеска побара условно одобрение за вакцинација на деца на возраст од шест до 11 години од Европската агенција за лекови (ЕМА).
ЕМА ја одобри вакцината против коронавирусот на Модерна за деца на возраст од 12 до 17 години во јули, но неколку земји, вклучително и Шведска, го суспендираа давањето на Модерна на лица под 30 години поради редок несакан ефект поврзан со срцето, пренесува Ројтерс.
Американска компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс, побара одобрение да ја користи својата вакцина во САД за тинејџери и сè уште чека одлука од Управата за храна и лекови на САД.
– Ова е наша прва апликација за употреба на вакцината на оваа возраст, од шест до 11 години – изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел.