Лесно и брзо се прави, па веднаш ќе ви стане избор број еден
Состојки:
2 јајца
40 гр шеќер
1 лажица мед
1 лажичка ванилин шеќер
90 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 лажица екстракт од ванила
1 лажица вода
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќер, се додава медот, малку ванилин шеќер, се просејува брашното со прашокот за пециво.
Додадете го екстрактот од ванила и една лажица вода и сè добро измешајте.
Истурете 1 мала лажичка во средината на сува тефлонска тава. Печете на прилично тивок оган околу 2 минути, па од другата страна.
Соединете две палачинки премачкани со крем или џем.
Пријатно!