Како да ја исчистите микробрановата печка без мака: Потребна ви е само една работа

popara10 ноември, 20211min00
mikrotalasna-ciscenje-1-830x0

Ако барате сигурен начин за чистење на вашата микробранова печка, ова е еден од нив

Еден од најкорисните кујнски апарати е дефинитивно микробрановата печка. Покрај загревањето и одмрзнувањето на храната, некои модели имаат можност и за подготовка на храна. Ова значи дека во овој апарат се таложат и остатоци и маснотии од прскање на храната.

И покрај редовното одржување, невозможно е во одреден момент да се избегне детално чистење. Сето ова е можно со овој трик, а се што ви треба е еден лимон.

Ако барате сигурен начин за чистење на вашата микробранова печка, секогаш можете да се потпрете на лимонот. Во керамички сад истурете 150 мл вода, преполовете го лимонот, па исцедете ги двете половини.

Во сад ставете ги исцедените половини од лимонот и ставете да работи на највисока моќност две минути.

Кога микробрановата печка ќе го заврши процесот, оставете го садот со вода и лимон во неа следните пет минути. Потоа извадете го садот, измијте ја чинијата од микробранова печка како и секој обичен сад и избришете ја микробрановата печка со кујнска хартија или влажна крпа.

Во случај на закоравени наслаги, натопете ја крпата во вода и лимон, а потоа подетално избришете ги дамките.

Потоа избришете ја микробрановата печка со сува, чиста крпа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma