СВЕТОТ ШОКИРАН ОД ОВОЈ СКАНДАЛ: Тина Тарнер ја тужи актерката во шоуто посветено на неа, а причината е БИЗАРНА

popara10 ноември, 20211min00
1475075_profimedia0290132431_ls

Една од најпопуларните пејачки на сите времиња, Тина Тарнер, се најде во центарот на вниманието откако поднесе тужба против компанијата Kofo Entertainment, во чија продукција настана шоуто посветено на пејачката „Simply the best – The Tina Turner Story“.

COFO Entertainment, Tina Tarner

Имено, во споменатото шоу игра Доротеа Коко Флечер, која премногу потсетува на легендарната музичарка, па Тина сака да ја забрани употребата на сопственото име и лик при промоција на шоуто, за гледачите да не би помислиле дека таа учествува во продукцијата на некој начин.

Регионалниот суд во Келн пресуди во корист на познатата пејачка, но по поднесената жалба, Вишиот регионален суд во Клен ја поништи пресудата, па целиот процес е префрлен на Германскиот Сојузен суд на правдата, кој ќе треба да направи конечна одлука.

COFO Entertainment, Tina Tarner

Судијата претседавач Томас Кох рече дека е наклонет кон пресудата на Вишиот регионален суд, која ги фаворизира продуцентите на шоуто, но нагласи дека неговото мислење не е пресуда за случајот.

Адвокатката на Тина Тарнер, Керстин Шмит праша дали употребата на ликот и делото на Тина Тарнер е всушност користена за уметнички цели и истакна дека пејачката би сакала да одлучи кога нејзиното име и имиџ ќе се користат за комерцијални цели.

Се очекува судот да ја донесе конечната одлука во февруари следната година.

COFO Entertainment, Tina Tarner

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma