Ги перете патиките во машина за алишта? Еве дали со тоа правите грешка!

popara11 ноември, 20211min00
5406_patikee_f

Најлесен и најбрз начин за перење на патиките е да ги ставите во машина за перење. Да ги заборавите околу еден час и тие да излезат како нови.

Експерт и сопственик на компанија за чистење, Вил Ланкстон, откри зошто ова можеби не е најпаметната идеја.

-Ве советувам да не ги перете така патиките, а особено воопшто да не ги ставате во машина за сушење. Топлината може да ги стутка патиките и да го уништи лепакот што ги држи – рече тој.
Машината за сушење може и да ги намали патиките во зависност од материјалот од кој се направени.

Најдобар начин да ги исчистите е лесно да ги избришете со влажна крпа или да ги носите за хемиско чистење.

Да, чини пари, но на крајот ќе пројдете поефтино бидејќи нема да ви треба нов пар.