Пеењето под туш е исклучително ЗДРАВА НАВИКА: Правете го тоа почесто!

popara11 ноември, 20211min00
54bd1add2870aecc5aae0be0c3a88a6fb3234c07

Пеењето е исклучително добро за нашето ментално и физичко здравје, па затоа оваа активност се препорачува секој ден.

Сигурно сте ја слушнале изреката: „кој пее, зло не мисли“, а имајќи предвид колку е добра оваа активност за здравјето, можеме да го кажеме и следното: „кој пее ќе биде поздрав“.

Додека пееме, работата на десниот темпорален лобус во мозокот е нагласена и се ослободува ендорфи – вид на ензим кој делува на човечкото тело како опијат. Благодарение на пеењето, ние сме посреќни, покреативни, попаметни, посамоуверени, но и поздрави.

Затоа секој треба да пее, без разлика дали има слух или не. Ако сепак не сакате да се експонирате пред другите бидејќи немате самодоверба и мислите дека немате слух, тогаш направете го тоа под туш.

– Една од одличните работи на пеењето е тоа што ве поврзува со десната страна на мозокот, која е одговорна за интуиција, имагинација и други креативни функции. Во денешно време толку многу од нас сме бомбардирани со разни информации кои ги обработуваме и анализираме, па најчесто сме заглавени во левата страна на мозокот – објаснува пејачката Тања де Јонг, која ја основа компанијата „Креативна Австралија“, која ги мотивира луѓето заедно да пеат.

Таа додава и дека општеството го нарушило односот кон пеењето, па се смета дека тоа е резервирано само за талентираните луѓе. Тоа дополнително доведе до тоа луѓето да се срамат од сопствениот глас и да не сакаат да пеат за да не се засрамат, а тоа е погрешно, пренесува порталот „upliftconnect.com“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma