Солените палачинки во последно време се речиси исто популарни како слатката варијанта, а овој рецепт кој ни доаѓа од Германија е многу згоден бидејќи е толку богат да не бара никаков фил!
Можете да ги направите како брз појадок, но и како вкусна вечера во која ќе ужива целото семејство.
Состојки:
450 грама брашно
2 јајца
1,5 лажички сол
1 лажица шеќер
300 милилитри млеко
300 милилитри вода
1 лажица сув квасец
300 милилитри млеко
300 милилитри вода
1 црвена пиперка
1 кромид
1 домат
2 праз
магдонос
1 компир
пченка во зрното
масло
Подготовка:
Јајцата се матат убаво и се додаваат со шеќерот, квасецот, млекото и водата, а кога ќе се изедначат постепено и со постојано мешање се додава брашното.
Потоа покријте го тестото и оставете го на страна.
Во еден сад измешајте ги кромидот, празот, пиперката, доматот, јагликата, па сето тоа заедно малку по малку на даска се зема и ситно се сечка, а компирот се ренда. Потоа оваа смеса додајте ја во тестото и сè убаво измешајте, а на крајот додадете ја пченката.
Се пече во подмачкана тава, од двете страни.
Еве како изгледа оваа постапка: