„Стартувајте“ го, нема да погрешите
Кога станува збор за машко-женските односи, старото правило вели дека мажот треба да го направи првиот чекор.
Но, колку долго треба да се држиме до тоа?
Дали навистина е „смртен грев“ жената прва да „стартува“ маж?
Одговорот е НЕ!
Според најновото истражување на сајтот „Singles in America“ немате апсолутно никаква разлика за загриженост и слободно можете да го направите првиот чекор, бидејќи тоа им се допаѓа на дури 90 отсто од посилниот пол.
Затоа, слободно „стартувајте“ ги, без двоумење.
Исто така, речиси половина од слободните мажи тврдат дека бараат жени кои „бркаат кариера“, додека 86 проценти сакаат да излегуваат со дами полни со самодоверба.
Дури 87 отсто од анкетираните слободни мажи би се запознале со жена која е поинтелигентна и пообразована од нив. Истиот процент од припадниците на посилниот пол тврдат дека не би им пречело да бидат во врска со дами кои заработуваат повеќе од нив.
Работите изгледаат прилично јасни, па дури и да сте имале дилема, веќе нема причина за тоа. Покажете му дека ви се допаѓа.