Славниот актер се присети на еден болен момент
Силвестер Сталоне откри дека за време на снимањето на една сцена за четвртиот дел од серијалот за боксерот Роки мислел дека ќе умре.
Имено, Сталоне изјави дека мислел дека ќе умре додека се тепал со колегата Долфан Лундгрен, кој го играше ликот на Иван Драго.
“Првото нешто што го снимивме беше моето и неговото влегување и најавата, а потоа започна тепачката. За време на снимањето на тепачката се здобив со сериозни повреди. „Тимот итно ме пренесе од Канада на одделот за интензивна нега во болница во Калифорнија”, рече тој во видеото “The Making of Rocky vs. Drago by Sylvester Stallone”, што го објави на страницата на YouTube “Sly Stallone Shop”.
„Значи ме скрши, но јас не почувствував ништо во тој момент, срцето почна да ми отекува подоцна истата вечер. Притисокот ми се качи на 260 и мислев дека наскоро ќе почнам да разговарам со ангелите. Следно што се сеќавам е дека сум на итен лет на мала височина“, изјави актерот.
Сталоне додаде дека поминал четири дена во болница, а веднаш по закрепнувањето се вратил да ја сними сцената до крај.