Нејзината вредност првично беше проценета на „само“ 40.000 евра
Вилсон, одбојкарската топка која му послужи како „пријател“ на Том Хенкс во филмот „Cast Away“ е продадена на аукција за неверојатни 269 илјади евра.
Во познатото дело на Роберт Земексис, ликот кој го игра Хенкс, по авионска несреќа останува заробен на непознат остров. За време на четири години целосна изолација, тој наоѓа утеха во одбојкарската топка по име Вилсон.
Во очај од осаменоста, ликот на Хенкс емотивно се врзува за него, а сите се сеќаваат на шокантната сцена кога го губи пријателот обидувајќи се да го напушти островот.
Топката беше продадена на неодамнешна аукција за неверојатни 269.000 евра, иако нејзината вредност првично беше проценета на „само“ 40.000.
Хенкс беше номиниран за најдобар актер во 2001 година за неговата улога во овој филм, но Расел Крау го освои Оскарот за неговата изведба на „Гладијатор“.