Состојки:
– 250 гр брашно
– 150 гр путер
– 25 гр шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– 1 јајце
– 80 гр мелени ореви
– 50 гр мед
За валкање:
– 100 гр шеќер
Подготовка:
Соединете ги наведените состојки, направете ја смесата со рака, покријте го садот со ПВЦ фолија и оставете го во фрижидер околу 60 минути. Поделете го тестото на четири еднакви делови. Од секој дел формирајте потенок валјак. Исечете помали парчиња, обликувајте ги со раце во помал ролат, па свиткајте ги во форма на пунџа.
Обликуваните ролати наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени до 15 минути. Врелите кифлички валкајте ги во шеќер.Оладените кифлички ставете ги во кутија бидејќи можат да траат и да останат свежи неколку дена.
Пријатно!