Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт. Од таа причина, лекарите со препишаните антибиотици нужно препорачуваат конзумирање на пробиотици, обично најмалку два часа пред или по земањето на антибиотска терапија.
Внесувањето на антибиотици може да ја промени цревната флора, што дополнително може да предизвика дијареа, особено кај децата. Во цревата има околу илјада различни видови бактерии и околу 100 трилиони бактерии, а ако 80 отсто од нив се т.н. добрите бактерии, лошите не можат толку да му наштетат на телото. Сепак, антибиотиците ја менуваат рамнотежата на микробиомот, што може да резултира со зголемување на бројот на лоши бактерии.
– Имунолошкиот систем ги препознава „лошите момци“ и се обидува да ги уништи. Но, во тој процес, ја оштетува цревната слузница и предизвикува воспаление, што доведува до дијареа, вели д-р Лоренс Хоберман, претседател на Medical Care Innovations Inc.
Студијата на експерти од Универзитетот во Вашингтон покажа дека дијареата поради консумирање антибиотска терапија погодува 5-39 проценти од пациентите, а бројни студии покажаа дека во најмалку 50 проценти од случаите, децата кои земаат пробиотици за време на антибиотска терапија помагаат да се спречи течноста на столицата.
Меѓутоа, ако пиете и пробиотик, кој му дава на телото здрави и добри бактерии, многу, многу е важно да ги пиете со растојание од најмалку два часа! Ако се зема заедно или на краток временски период, антибиотикот може – освен што ќе ги уништи лошите бактерии, да ги уништи и добрите и да направи дополнителна штета.