Хејли Бибер за одвикнувањето од дрога на Џастин: Беше многу тешко!

popara13 ноември, 20211min00
Screenshot_6

Хејли Бибер, сопругата на светски познатиот пејач Џастин Бибер, гостувајќи во подкастот „Victoria’s Secret Voices“ проговори за периодот на неговата зависност и откри дека тогаш ѝ било тешко.

Како што рекла, тој период ги разбудил сеќавањата на нејзиниот татко Стивен Болдвин, кој имал слични проблеми како нејзиниот сопруг Џастин.

„Не само татко ми, туку и многу други членови на семејството на негова страна, се борат со различни работи. Татко ми секогаш беше отворен за неговата зависност и јас секогаш го ценев тоа кај него. Секогаш бев многу, многу блиска со него. Тој беше отворен за тоа зошто е трезен и зошто е важно да не станеме зависни. Ни покажа и како изгледа маж кој е зависник од алкохол и како тоа воопшто се случува“, изјавила манекенката.

„Морав да се вратам во времето и да се соочам со зависноста од дрога. Повторно беа тие темни простори и ми беше исклучително тешко да се вратам на нив“, додаде таа.

Хејли потоа откри како изгледал еден период од животот додека Џастин се борел со зависноста.

„Би го прашала како се справува со тоа. Имаше моменти кога се нервирав, го прашував Џастин дали е во ред тоа да го направи, бидејќи знаев дека веќе имал моменти во животот кога не му е во ред и кога минува низ својот мрак. Но, тој има добра самосвест кога станува збор за тоа и е многу отворен за својата зависност и тоа е сѐ што барам од него“, рече таа.

Инаку, Џастин Бибер претходно призна дека првпат пробал марихуана на само 13 години, по што конзумирал многу видови на дрога. Како што рече, тоа било неговото бегство од реалниот живот и товарот на славата.

„Кога имате некој толку многу млад, можно е тој да ја има онаа страшна вознемиреност што останува недијагностицирана, а вие не знаете како всушност се чувствувате. Потоа почнувате да се лекувате бидејќи тоа прави да се чувствувате подобро. А тоа само ви помага да не чувствувате ништо“, објасни Хејли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma