Маринадата дополнително ќе го нагласи специфичниот вкус на лососот.
СОСТОЈКИ
- 500 гр филе лосос со кора
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица оризов оцет
- 1/2 лажица соја сос
- 2 лажички сечкан лук
- 1,5 лажичка рендан ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав
- 1 лажичка кафеав шеќер
- сусам
ПОДГОТОВКА
- Измешајте ги маслиновото масло, оризовиот оцет, соја сосот, лукот, ѓумбирот и шеќерот.
- Добиената маринада прелијте ја врз лососот и ставете го во фрижидер да отстои околу 30 минути.
- Загрејте ја рерната на 180 ° C.
- Подмачкајте го плехот за печење, ставете го лососот така што кожата ќе биде свртена надолу. Печете во рерна 20 до 25 минути.
- Кога лососот е готов, извадете го од рерна и поросете го со сусам.