Негувајте ги со балсами: Усните пукаат затоа што кожата на нив е тенка и чувствителна и побрзо се суши

popara13 ноември, 20211min00
Screenshot_5

Покрај околината и температурата на воздухот, на здравјето и убавината на усните влијаат и нашите животни навики, како што се количината на вода што ја пиеме и квалитетот на храната што ја консумираме секој ден.

„Кожата на усните е многу потенка и почувствителна од кожата на рацете и стапалата бидејќи е наменета да ѝ помогне на устата да ја апсорбира храната“, вели дерматологот Мери Л. Стивенсон од Њујорк.

Како резултат на тоа, кожата на усните е особено чувствителна на еколошките елементи, како што се ветерот, студеното време и оштетувањето од сонцето. Покрај тоа, усните не содржат лојни жлезди, за разлика од другите делови на телото, па тие самите се почувствителни на елементите на околината.

– Сепак, на состојбата на усните можат да влијаат разни лекови и пореметувања, но и недостатокот на витамини од групата Б, фолна киселина и железо – коментира докторката, пишува NBCnews.

Експертите истакнуваат дека луѓето често знаат да ги лижат несвесно, но тоа дополнително ги суши усните. Иако ова изгледа како моментално олеснување, влагата испарува од усните и на тој начин кожата во таа област уште повеќе се дехидрира.

Покрај начинот на кој се грижиме за нив, на усните можат да влијаат и – стоматолозите.

„Луѓето може да имаат реакција на стоматолошката работа и материјалите што ги користат стоматолозите, а тоа може да предизвика иритација и суви усни“, објасни Стивенсон.

Мелемите за усни кои содржат керамиди, липиди и слични супстанци се идеални. Понатаму, постојат природни состојки како шеа путер и масти од невен кои ги омекнуваат усните и длабоко ги негуваат.

Од секојдневните ритуали, клучно е често да користите балсами за убави усни, секогаш кога ќе почувствувате суви усни. Добро е да ги премачкате пред излегување, но и доколку сте на отворено со часови.

На усните и одговара и пилинг – со нежни формули можете да го отстраните слојот од мртви клетки и да ги намачкате со подебел слој мелем или вазелин, за да закрепнат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma