Овен
Финансиите ве мачат. Ви доставуваат сметки од сите страни, па дури и бараат пари за заем, кои ги немате. Немате трпение за туѓите проблеми бидејќи не сте сигурни како да ги решите вашите. Не бидете премногу тешки со луѓето, ќе дојде ден кога и вам ќе ви треба нешто.
Бик
Што се однесува до вас, сте направиле се како што треба и нема што да преиспитувате. Тоа е вашиот став и прекинувате некои пријателски односи без прекумерна напнатост. Да бевте самокритични, ќе сфатите дека сте премногу строги, можеби дури и тврдоглави.
Близнаци
Можете да сметате на поддршката од пријателите бидејќи во изминатиот период со вашата посветеност тоа го заслуживте од нив. Ве очекува важен договор кој ќе ја одведе вашата професионална кариера во друга насока.
Рак
Напнатоста започнува наутро. Тоа прави да се чувствувате како сите да подлегнале на атмосфера која е целосно нездрава за вашиот поим. Интензивно размислувате за начини да се ослободите од се и да поминете одредено време изолирани од сите случувања. Не бегајте од обврските.
Лав
Вистинско време е многу работи да ги ставите на свое место, особено ако во вашата околина имате луѓе со кои имате нерасчистени односи. Вашиот авторитет е на врвот, тоа што го кажувате денес, другата страна ќе го разбере на најдобар можен начин.
Девица
Се потпирате на ветувањата што ви ги даваат пријателите. Чекањето за исполнување може да ве стави во позиција да се правдате пред другите луѓе, иако не сте заглавени. За да го избегнете ова, завршете ги обврските лично и самостојно.
Вага
Уживате во наклонетоста на влијателните луѓе. Сепак, не се опуштајте премногу бидејќи тоа се луѓе кои за возврат очекуваат од вас безгранична лојалност. Може да се случи некој од нив да ве натера на потези кои би ве ставиле во незавидна положба.
Шкорпија
Имате можност да научите како нешто добро излегува од секоја лоша работа. Проблемот со вашата моментална состојба е недостатокот на поддршка на која сметавте. Можеби е вистинско време да размислите што сакате, да ве ласкаат или искрено да ве критикуваат.
Стрелец
Водите разговори од кои очекувате премногу. Темите не се важни, но вие им дадовте важност. Натпреварувањето во ставови губи секакво значење бидејќи крајната цел не постои. Не трошете зборови, особено ако спроти вас има некој кому не му верувате.
Јарец
Поминувате непотребно време организирајќи го патувањето и не сте сигурни дека се е изводливо. Не сте ги завршиле суштинските работи. Проверете ги документите, условите за патување како и средствата што ви се потребни. Надзорот може да ви го комплицира денот.
Водолија
Не започнувајте нови бизниси. Поради недоволната концентрација ќе правите грешки поради кои во наредниот период ќе се занимавате со поправање на сработеното. Искористете го денот за дружење со помалку запоставените пријатели и семејството.
Риба
Имате предлог за патување, соработка со странство или студирање со профитабилна работа. Ако не реагирате брзо, можете да ја пропуштите оваа неочекувана шанса. Иако не сте расположени за ризик, обидете се овој пат бидејќи ќе ви се исплати.