Сите ја паметат Памела Андерсон по улогата што ја прослави во серијата „Чувари на плажата“ во која најмногу внимание привлече со своето тело и бујните гради.
Покрај тоа, таа се смета за една од првите познати жени што вградила силикони. По градите, познатата актерка го правеше носот и јаболчниците, а со текот на времето ги затегна и очните капаци, за што подолго да го задржи младешкиот изглед.
Отсекогаш била фатална русокоса, а во јавноста ретко се појавувала во опуштени изданија, па вистинско чудо беше кога папараците ја уловија на прошетка во Малибу со несредена коса, во тренерка.
Во бела маичка под која носеше црн градник, Памела изгледаше непрепознатливо.