На почетокот на кариерата Ким работеше како гардероберка кај богатата наследничка
Парис Хилтон (40) се омажи за претприемачот Картер Реум (40) на раскошна церемонија, а посебна улога во подготовките за венчавката имаше Ким Кардашијан (41), долгогодишната пријателка на Парис.
Кардашијан на почетокот на кариерата работеше како гардероберка кај богатата наследничка, а пред церемонијата, исто како во „старите добри времиња“ помогна со венчаницата.
Луксузната венчаница на Оскар де ла Рента е една од трите комбинации на облека што Парис ги носеше за нејзиниот „голем ден“, а Ким ѝ помогна околу превезот и ѝ испрати неколку зборови поддршка, изјави извор за ENews !.
Ким за церемонијата избра црн деколтиран фустан од дизајнерот Рик Овенс, кој го надополни со модни додатоци на Беленсијага.
Ким на својот Инстаграм профил објави серија фотографии од луксузна венчавка на имотот на дедото во Париз.
На една од фотографиите Ким позираше во друштво на американските ТВ ѕвезди Кимор Ли Симонс (46) и Никол Ричи (40), кои заедно со Парис учествуваа во популарното реално шоу „Simple Life “ на почетокот на 2000-тите.