4 намирници што не смеете да ги ставате во микробранова: Една е посебно опасна!

popara15 ноември, 20211min00
casual-girl-using-microwave-to-heat-cup-830x0

Еден од оние домашни апарати кои се повеќе луѓе ги користат за брзо загревање, а некои за подготовка на храна е микробрановата печка.

Тоа е најбрзиот начин да имате топол ручек на маса, но има намирници кои не треба да се греат во микробранова печка, бидејќи некои од нив приготвени на овој начин можат да бидат закана за нашето здравје.

1. Варени јајца

Загревањето на варените јајца во микробранова печка не е добра идеја, бидејќи на тој начин во нив се создава голема количина на пареа која нема каде да се испушти. Вие ризикувате јајцата да експлодираат, во буквална смисла на зборот, штом ќе ги извадите од микро.

Најдобро би било воопшто да не се загреваат, а ако навистина треба прво излупете ги и исечете ги на помали парчиња.

2. Месни производи

Колбасите, саламите и другите месни производи содржат многу конзерванси за да траат што подолго. Ако одлучите да ги подгреете колбасите, адитивите во нив стануваат поштетни за организмот, бидејќи можат да започнат со оксидација на холестеролот.

3. Ориз

Британската агенција за храна FSA предупредува дека подготовката на ориз во микробранова печка може да доведе до труење со храна. Како што објаснија, суровиот ориз содржи бактерии кои можат да „преживеат“ брзо складирање во микробранова печка.

Кога бактеријата во оризот ќе се излади и ќе се остави на собна температура, таа многу брзо се размножува, велат од британската агенција за храна.

Затоа оризот никогаш не треба да се подготвува на брз начин во микробранова печка. Стоплете го на класичен начин – на рингла или во рерна.

4. Зелен лиснат зеленчук

Блитвата, спанаќот и зелјето никогаш не треба да се загреваат во микробранова печка.

Оваа храна содржи висока концентрација на нитрати, што не е штетно ако е нормално термички обработено, но ако го изложите на микробранови зраци, станува исклучително штетно за здравјето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma