Популарната пејачка Бијонсе по пауза од една година го објави новиот сингл, станува збор за песната „Be Alive“ која ја снимила за филмот „Кралот Ричард”.
Во видеото се прикажани делови од филмоѕ кој ја следи приказната за таткото на тениските ѕвезди, сестрите Селена и Венус Вилијамс.
Улогата на Ричард Вилијамс ја игра Вил Смит, а филмските критичари веќе предвидуваат дека овој ангажман би можел да му го осигура освојувањето на престижниот Оскар.
Филмот го најавија сестрите Вилијамс, споделувајќи трејлер на социјалните мрежи.
-Многу сме возбудени бидејќи наскоро ќе имате можност да го гледате филмот за нашиот татко, напишаа сестрите.
Новата песна на YouTube е прегледана над 600.000 пати за еден ден.