МАФИНИ СО МАНДАРИНА: Сочен десерт кој ќе го сматите за пет минути!

popara15 ноември, 20211min00
62190530-muffini

Сезоната на мандарините е во полн ек и многумина веќе не можат да замислат ден кога нема да се освежат малку со ова обожавано овошје. Со нив може и убаво да се засладите, особено ако правите едноставни, брзи и сочни мафини.

СОСТОЈКИ (за околу 6 мафини)

– 1 поголемо јајце
– 3 мандарини
– 60 гр шеќер
– рендана кора од портокал (непрскана)
– 60 мл масло
– 60 мл млеко
– 60 гр јогурт
– 170 гр брашно
– половина прашок за пециво
– дополнителен шеќер за печење

ПОДГОТОВКА НА МАФИНИ СО МАНДАРИНА:

1. Јајцето измешајте го со шеќерот. Потоа додадете го маслото и повторно добро измешајте, а потоа јогуртот и млекото. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и сето заедно просејте го во сад со смесата. Мешајте додека не добиете убава мазна смеса.

2. Мандарините се лупат и се преполовуваат. Во калап за печење се ставаат хартиени корпи и се посипува дното на секоја корпа со половина лажичка шеќер. Половините од мандарината ставете ги во корпите така што исечениот дел (мокро) е на долната страна. Така шеќерот при печењето ќе се соедини со сокот од мандарина и убаво ќе се карамелизира. Потоа намачкајте ја смесата за мафини врз мандарините. Се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 20 минути.

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma