Кашлицата е грчевито мускулна контракција, која може да се излечи со помош на народни лекови. Ако додадете жалфија во млекото, овој проблем ќе исчезне за многу кратко време …
Високиот процент на есенцијални масла кои содржат антибактериско и антиинфламаторно дејство, како и големо количество на фосфорна киселина, витамини Ц, Б1, П и тијанин ја прават жалфија многу моќен борец против кашлицата. Во комбинација со млеко дава одлични резултати, но само ако се подготви вака:
Потребно е во тенџерето да се стави 250 мл млеко, да се додаде една лажица жалфија и да се вари на тивок оган додека не зоврие.
Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од шпоретот. Во напитокот додадете една лажичка путер, покријте и оставете да отстои 15 минути.
Процедете го напитокот и додадете една лажичка мед и прстофат куркума и сè добро измешајте.
Оваа смеса испијте ја еден час пред спиење.
Забелешка: Оваа мешавина не се препорачува за доилки и луѓе кои се склони кон бубрежни заболувања и хипотензија.