4 причини да јадете пуканки секој ден: Здрава ужина која го намалува стресот

popara15 ноември, 20211min00
kokice-1-830x0

Честото консумирање на оваа храна има бројни здравствени придобивки

Кога велиме пуканки, нашата прва асоцијација е гледање филм во кино или на удобен кауч во домашна атмосфера. Оваа закуска е една од омилените во овие прилики, а малку е познато дека не само што е вкусна, туку и добра за нашето здравје.

Имено, пуканките се една од исклучително здравите намирници која може да помогне во регулирањето на варењето, да ги намали проблемите со ПМС, благотворно да делува на можноста за зачнување, но и да го намали нивото на стрес.

Сето ова се причини зошто е препорачливо да се консумираат пуканки секој ден, но сепак внимавајте кои пуканки ќе ги купите и како ги подготвувате.

  1. Помагаат за регулирање на варењето

Доколку имате проблем со варењето, се препорачува вашата дневна ужина да бидат пуканки. Но, имајте на ум дека треба да јадете пуканки кои не се прават со путер во микробранова печка.

Пуканките кои ги правите на класичен начин, во тенџере на шпорет, се далеку поздрави од сите другите. Имаат помалку од 100 калории во една порција, а богати се со влакна, кои благотворно делуваат на цревната перисталтика.

За разлика од нив, пуканките кои се купуваат во кеси и се приготвуваат во микробранова печка, како и оние кои се служат во кино, имаат многу масти, па можат да бидат штетни и за варењето.

  1. Го намалуваат стресот

Пуканките се храна која е богата со јаглехидрати. Ова може да го зголеми нивото на серотонин и може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Според психолозите, грицкањето пуканки го намалува стресот, а некои дури препорачуваат да ги јадете со кинески стапчиња за да се забавувате и уште повеќе да го елиминирате стресот.

  1. Ја зголемуваат можноста за побрзо зачнување

Научниците сугерираат дека грицкањето пуканки може да помогне да се зголеми способноста за зачнување, така што кај мажите тоа е директно поврзано со подобрување на протокот на крв низ телото.

Освен тоа, пуканките содржат хранлива состојка наречена аргинин, која добро влијае на плодноста кај двата пола.

  1. Влијаат на намалување на тегобите при ПМС

Времето пред менструалниот циклус кај многу жени е обележано со раздразливост и чувство на вознемиреност. Добрата вест е дека пуканките може да бидат она што ќе предизвика исчезнување на овие непријатни симптоми.

Како што споменавме претходно, грицкањето пуканки влијае на зголемување на серотонинот, хормонот на среќата. Пуканките даваат и енергија и заситуваат, па нема да чувствувате глад, што е исто така еден од симптомите на овој период од месецот кај многу жени, пишува Bright Side.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma