Засукајте ги ракавите и подгответе ја најсовршената салата со зеленчук, која ќе биде одличен избор за претстојната зима.
Состојки:
4 бели компири
200 гр моркови
200 гр кисели краставички
200 гр сирење
200 гр мајонез
2 павлака
3 варени јајца
Подготовка:
Пред да почнете да ги редите состојките, подгответе го преливот така што во еден сад ќе ги измешате мајонезот и павлаката.
Потоа одвојте еден поголем сад во кој ќе ги наредите состојките за салатата.
Најпрво треба да ги изрендате компирите на дното, а потоа да го ставите претходно подготвениот прелив. Потоа изрендајте ги киселите краставички.
Потоа повторно ставете го преливот, па ренданиот морков, па повторно преливот, па сирењето по избор.
Се препорачува јајцата да се изрендаат и да се стават по сирењето. Потоа повторно преливот, па компирот.
За декорација можете да ставите прелив ако имате остатоци, мајонез или нешто по ваш избор.