Веќе извесно време се шпекулира дека американската пејачка и актерка има ново момче, а на социјалните мрежи кружат фотографии поради кои многумина се уверуваат дека Селена сугерирала кој е тој.
Поранешната ѕвезда на Дизни, Селена Гомез (29) веќе извесно време е во врска со актерот Крис Еванс (40), а поради нејзиното појавување на Тик Ток минатиот викенд сите се сигурни дека тоа не е само озборување!
Најдобрата пријателка на Селена и поп ѕвезда Тејлор Свифт се појави во шоуто Saturday Night Live, а Гомез реши јавно да ја поддржи, облечена во крем предимензиониран џемпер. На внимателното око на обожавателите не им промакна ниту тоа што Крис Еванс носеше идентично парче во филмот „Knives Out“.
„Ова не е случајно“, „Селена го носи џемперот на Крис“, „Изгледа дека повеќе нема да се кријат“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Неодамна се појавија гласини дека Селена и Крис се заедно, откако актерот почна да ја следи својата помлада колешка на Инстаграм. Потоа објави снимка од него како свири на клавир, со одраз на жена со темна боб фризура каква што има Селена во позадина. Сепак, ниту еден од нив не се огласи во врска со овие тврдења.
Селена во минатото имала повеќе врски со познати момци, а некои од нив се Џастин Бибер, Тејлор Лотнер, Ник Џонас, Орландо Блум, Викенд, додека самиот Крис Еванс ја бараше љубовта на јавната сцена, па ги запозна Џесика Бил, Кристина Ричи, Кејт Босворт …