Еклерите се вкусни и кремасти колачи кои сите ги обожаваат. Сепак, можете да направите еклер торта што не се пече
Еве што ви треба за ова кремасто уживање:
500 мл млеко
1 кесичка прашок за пудинг со вкус на ванила
50 гр шеќер
10 мл екстракт од ванила
100 гр шлаг
400 гр бисквити
Глазура:
80 гр шеќер
20 мл млеко
50 гр путер
Подготовка:
На дното на огноотпорен сад ставете ги бисквитите. Загрејте го млекото на шпорет со шеќер, ванилин шеќер и пудинг. Мешајте цело време со жица. Кога пудингот е готов се остава да се излади. Откако ќе се излади, изматете го шлагот во пудингот. Потоа врз бисквитите ставете половина од смесата, па повторно бисквитите, па филот, па бисквитите. За глазурата во тавче измешајте млеко, шеќер и путер, стопете и додадете какао. Прелијте преку бисквитите. Оставете 2 часа да се излади во фрижидер.