Ако во нешто уживаме кога е храната во прашање, тогаш тоа се различни специјалитети од тестото – кифлички, плетенки, погачи, мекици, пирошки… Уште ако се наполнети со некои од омилените филови, немаме контрола!
СОСТОЈКИ:
- 150 гр остро брашно
- 150 гр меко брашно
- 150 гр путер
- две јајца
- прашок за пециво
- прстофат сол
УШТЕ:
- 150 гр кашкавал
- 100 гр шунка
- две жолчки
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво, па додајте јајца и путер исечкан на коцки. Замесете глатко тесто, па развлечете го тенко на работната површина. Со калап или чаша извадете кругови, па половина од круговите ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Одозгора наредете рендан кашкавал и ситно сечкана шунка, премачкајте со изматена жолчка, па преклопете ги со преостанатите кругови тесто и притиснете ги краевите. Премачкајте со жолчка и печете во рерна на 180 степени додека погачите не добијат убава боја.
Пријатно!