Хари Стајлс лансираше линија за убавина и изгледа подобро од што замислувавме

popara17 ноември, 20211min00
profimedia-0499516180-790x527

Гласините за колекцијата за убавина на Хари Стајлс почнаа да кружат летово и малку се изгубија во морето од други линии за убавина на познати личности. Но, брендот за убавина на Хари сега пристигна и е многу во неговиот сопствен стил.

Пејачот и актер, кој секогаш не воодушевува со својот стил во кој се мешаат машките и женските елементи, лансираше мултифункционални производи за нега и убавина.

Под името Pleasing и мотото „Find Your Pleasing“, Хари сака да претстави производи кои „ги возбудуваат сетилата и ги заматуваат границите“. Замаглувањето на границите можеби е првенствено за тоа за кого се наменети овие козметички производи – а тоа е за секого и за сите типови кожа.

Хари, познат по носењето бисерен накит, љубовта кон бисерите ја пренесе и на козметиката, па неговата линија вклучува и серум со бисери кој ја хидрира и дава сјај на кожата, двостран молив со серум за усните и пределот околу очите и посебно задоволство се лаковите за нокти кои имаат бисерен сјај и многу кул амбалажа.

Во својот бренд за убавина, Хари се обиде да се придржува до принципите на одржливост, па затоа се користеа вегански и биоразградливи состојки, како и пакувања направени од веќе рециклирани материјали, а тој исто така се приклучи на непрофитната организација Nest, која го поттикнува одржливиот развој и занаетчиите. А се што можеме да кажеме за новиот деловен потфат на Хари Стајлс е – знаеме што сакаме за Божиќ!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma