Не ги игнорирајте! Овие промени на телото може да бидат првиот симптом на тромбоза

popara17 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-17 205537

Одредени симптоми кои многумина ги сметаат за безопасни се всушност сигнал дека постои проблем со вените и ризик од тромбоза.

Во случај да почувствувате грчеви во нозете, оток, да забележите црвенило или ако едната нога ви е отечена, веднаш реагирајте.

Важно е да се препознаат симптомите на болеста, која обично ги погодува нозете, но може да се појави и на други делови од телото. Конкретно, згрутчување на крвта може да се појави и во вените на рацете, стомакот, па дури и во пубичниот регион. Знаци кои не смеете да ги игнорирате се прободување или грчеви како и оток, а карактеристично е што се јавуваат на едната нога, многу ретко и на двете.

Кожата околу болната област е, на допир, топла и со променета боја, обично црвена. Отечените вени се тврди под прстите и болни, чувствителни, а болката се шири низ целиот лист или бедро на заболената нога. Овие симптоми се знак за сериозна состојба која бара веднаш да посетите лекар. Движењето на крвното грутче може да доведе до смрт.

Пациентите може да доживеат и многу силна болка во градите, отежнато дишење и кашлица. Итна терапија против тромбоза може да го запре влошувањето на здравјето и да го намали ризикот од белодробна емболија. Не треба да се заборави дека многу фази на тромбоза минуваат без симптоми, па затоа треба редовно да се проверува крвната слика, особено нивото на холестерол и триглицериди.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma