Новиот сопруг на Парис Хилтон ја крие својата ќерка која ја видел само еднаш

popara17 ноември, 20211min00
profimedia-0641966736-830x0

Девојчето се чувствува отфрлено и изоставено од животот на нејзиниот татко, а посебно ја погодиле фотографиите од неговата венчавка со Париз

Парис Хилтон го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Картер Реум на свадбата од соништата. Набргу по венчавката се појавија детали од животот на нејзиниот партнер. Иако таа тврди дека е совршен, Картер има деветгодишна ќерка која сè уште не ја запознал.

„Иако го немаат класичниот однос татко и ќерка, тој ја издржува уште од нејзиното раѓање и ќе продолжи да го прави тоа“, изјави адвокатот на Реум за Page Six, кој ја објави приказната.

Мајката на девојчето е поранешната ријалити ѕвезда Лаура Беличи. Картер наводно го прифатил девојчето за ќерка без тест за татковство.

-Девојчето се чувствува отфрлено и изоставено од животот на нејзиниот татко, а посебно ја погодија фотографиите од венчавката со Парис, кои добија големо медиумско внимание – рекол изворот.

Картер ја видел својата ќерка само еднаш откако се родила, а сега планира да основа семејство со Парис.

– Таа е прекрасно девојче и сака да му подари љубов на својот татко и на оној кој тој ќе реши да го сака. Таа е на возраст кога идентитетот е многу важен, а детето треба да се чувствува комплетно – додал извор близок до ситуацијата.

Изворот тврди дека девојчето страда и дека тврди дека го сака својот татко и целото негово семејство.

Картер е претприемач и инвестициски банкар, а се збогатил кога започнал бизнис со својот брат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma