Не претерувајте! Еве колку шолји кафе смеете да испиете во еден ден

popara17 ноември, 20211min00
Screenshot 2021-11-17 233512

Може да предизвикате здравствени проблеми

Ништо поубаво од првото утринско кафе, совршен мирис и вкус кои го разубавуваат почетокот на денот. Многу љубители на овој прекрасен пијалок ќе се сложат со нас. Но, веројатно не знаете која треба да биде дневната доза.

Ќе ви ја решиме дилемата: За возрасен 300 мг кафе, што е приближно 3 шолји кафе дневно. Не претерувајте! Ако пиете повеќе од споменатата количина, може да имате сериозни здравствени проблеми, несоница, анксиозност, како и забрзано чукање на срцето и зголемување на крвниот притисок.

Меѓутоа, доколку консумирате до 300 мг дневно од вашиот омилен пијалок, тоа може позитивно да влијае и на вашето здравје. Студиите спроведени во европските земји покажуваат дека луѓето кои консумираат кафе имаат помал ризик од болести на дигестивниот систем, болести на црниот дроб и бубрезите.

Истражувањата исто така покажуваат дека кафето има невропротективни и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали ризикот од Паркинсонова болест.

Секако, кафето нема магично да ги спречи сите здравствени проблеми, но секако може да помогне.

Домашно кафе – може да има дури 160 мг кофеин, бидејќи се подготвува во поголеми количини.

Еспресо кафе – содржи 65 – 70 мг кофеин.

Инстант кафе – може да има околу 100 мг кофеин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma