За половина минута можете да проверите дали треба да одите на лекар или не
Иако сите сме свесни дека добрата состојба на срцето е од витално значење за одржување на здрав живот, на некои од нас сепак им е потребна помош за да дознаат што се случува во нивното тело!
Еден трик може да ви помогне да добиете идеја како функционира вашето срце, а „Bright Side“ открива дека тоа е едноставен трик кој ќе ви го покаже здравјето на вашето срце за само 30 секунди.
Прв чекор
Прво треба да земете сад и да истурите мраз и ладна вода во него. Колку е поладна водата, толку подобро!
Втор чекор
Потоа потопете ги двете раце во оваа ладна течност и бројте 30 секунди. Ова ќе ви помогне да дознаете како крвта ќе реагира кога ќе дојде во контакт со ледената вода.
Резултат
Меѓутоа, кога ќе ги извадите рацете од вода, тие ќе ја променат бојата, а во зависност од вашето здравје, врвовите на прстите ќе ви бидат овие бои:
Прстите ви поцрвенеа
Ако прстите ви се црвени, тоа е добар резултат. Тоа значи дека немате проблеми поврзани со оксигенација во крвта. Срцето и циркулацијата на крвта ви се во ред.
Прстите ви станаа бледи или темно сини
Доколку прстите ви станале бледи или ви посинеа, постои можност да имате проблеми со циркулацијата на крвта. Ова се случува затоа што вашите крвни зрнца имаат ниско ниво на кислород или затоа што имате проблем со пренесување на кислород низ крвотокот.
Во овој случај, можете да се обидете да го загреете или масирате пределот на раката за да се врати во нормална боја. Ако тоа не се случи брзо, задолжително посетете лекар.