Неколку кришки делуваат СУПЕРСИЛНО: 5 причини поради кои на масата треба да држите пресечен лимон

popara19 ноември, 20211min00
331213_limunshutterstock-1762191059_ff

Лимонот е речиси синоним за витамин Ц, но далеку од тоа дека е единствената хранлива материја која ова овошје ја содржи во значителна количина – тука се и витамините А и Б, манган, бакар, калциум, манган, антиоксиданси итн. Списокот на благотворни ефекти на лимонот врз здравјето е речиси бесконечен, бидејќи го подобрува имунитетот, го алкализира организмот, позитивно влијае на здравјето на црниот дроб, дигестивниот тракт, спречува појава на камења во бубрезите, има антибактериско дејство, содржи 22 антиканцерогени соединенија, го подобрува видот…

Сепак, не само што ќе ви помогне консумирањето лимон, туку има моќно дејство кога само ќе ги вдишите неговите состојки! Сè што треба да направите е да исечете еден лимон на парчиња и да го ставите на масата, или до креветот за да ги шири мирисите додека спиете или во средината на собата во текот на денот, а тоа ќе делува на следниве начини.

Едно од својствата на лимонот е детоксикацијата, што го прави ефикасно средство за прочистување на воздухот. Покрај тоа, неговото антибактериско дејство ќе ви помогне да ги исчистите дишните патишта од носните канали до белите дробови додека спиете и полесно да дишете во сон.

Го намалува стресот

Лимонот е еден од природните уништувачи на стресот, бидејќи го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќата и помага во регулирање на анксиозноста и го намалува стресот и наглите промени на расположението.

Помага во регулирање на крвниот притисок

Состојките на ова овошје помагаат во регулирање на циркулацијата и намалување на крвниот притисок, пред се благодарение на антиоксидантното дејство на витаминот Ц и намалувањето на нивото на триглицеридите.

limun

Тера инсекти

Без оглед на тоа кој инсект ви прави проблеми и кое време од годината е, имајте на ум дека едно истражување покажа дека комарците и мравките не ги поднесуваат мирисите што ги испуштаат цитрусите. Затоа се верува дека триењето на кожата со кора од лимон е одличен начин за спречување на каснување од комарец, а тој исечкан лимон во средината на масата е најдобриот природен лек за одбивање на овие досадни суштества.

Тој ќе ви ја подобри концентрацијата

Јапонските научници спроведоа студија по која заклучија дека луѓето прават помалку грешки на работа ако мирисот на цитрус се шири низ просторијата, а наводно делува со зголемување на концентрацијата и меморијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma