Еден од начините како да станете среќни е оптимизмот.
Соња Љубомирски, професорка на Универзитетот Риверсајд во Калифорнија, која истражувала на оваа тема, смета дека ќе бидеме посреќни ако направиме нешто убаво за другите.
Исто така, важно е да знаете како да изразите благодарност, бидејќи тоа придонесува за зајакнување на самодовербата, градење социјални врски и намалување на негативните емоции.
Еден од начините како да станете среќни е оптимизмот.
Испитаниците добија задача да ги замислат најсветлите моменти во својата иднина, а резултатите покажаа дека тоа им помага да истраат во своите цели и полесно да ги надминат пречките. Исто така, важно е никогаш да не се споредувате со другите.
Студијата покажала дека среќните луѓе не ги забележуваат оние кои можеби се подобри од нив, а обидот да бидат во чекор со поуспешните во материјална смисла е начин да станете подепресивни.
Среќата се рефлектира и во негувањето на меѓучовечките односи.
Најдете време да се дружите со пријателите и семејството. Посветете им внимание, кажете им што ви се допаѓа кај нив и кога ќе им се случи нешто убаво споделете ја радоста со нив.
Исто така, привилегија е да се занимавате со професијата што ја сакате бидејќи тоа ќе го правите со леснотија и уживање. Не заборавајте да се занимавате со редовна физичка активност и да медитирате, но пред сè, научете да се однесувате како среќна личност.