Калциумот се покажа како совршен сојузник на витката линија! Научниците докажаа дека помага при слабеење и го намалува холестеролот.
Научниците спровеле истражување кое покажало дека земањето калциум самостојно или во комбинација со други суплементи позитивно влијае на слабеењето.
Според студијата, земањето на калциум во одредена доза помогнал да се намали тежината на учесниците во експериментот за 26-70 проценти, додека телесните масти биле намалени за 38-64 отсто.
Студијата на канадските научници потврди дека внесувањето на овој минерал предизвикува промени во телесната тежина, а исто така е откриено дека влијае и на намалување на холестеролот во крвта. Во групата која примала помали дози на калциум, нивото на таканаречениот „лош“ холестерол било повисоко отколку кај испитаниците кои земале поголема доза од овој минерал.
Претходно, научниците од Харвард и специјалистите од Бостонската детска болница дојдоа до заклучок дека храната со малку шеќер и рафинираните житарки се клучни за одржување на „нормална“ телесна тежина и за одржување на здравјето.