Стајлингот е чиста десетка!
Скарлет Јохансон неодамна се појави на црвениот тепих за прв пат по породувањето и се чини дека никогаш не изгледала подобро.
Насмеаната Скарлет (36) со задоволство им позираше на папараците во тесен бел костум.
Таа за доделувањето на наградите во Лос Анџелес се одлучи за сако и панталони кои ја следат линијата на телото, а посебен шарм на целиот аутфит му даде светкавиот топ со циркони. Скарлет ја врза косата во строга ниска пунџа, а носеше штикли кои ги искомбинира со топот.
Интересно е што сакото на грбот и беше речиси целосно отворено, па ја покажа својата голема тетоважа.