Сопругата на Новак верува во природата!
Јелена Џоковиќ неодамна објави приказна на Инстаграм, односно реакција на девојка која сакала да знае што мисли Јелена за парфемите.
„Имав прашање што е со парфемската индустрија, бидејќи тоа сите го сакат, уште една тема за истражување.“
Јелена на тоа прашање даде одговор, кој изненади многумина.
„Мило ми е што учиме заедно! Одамна користам есенцијални масла, не парфеми, но одлично прашање“, одговори Јелена Џоковиќ, која нема омилен парфем затоа што не ги користи, но затоа има одлична замена.