На малите екрани често можеме да видиме сцени од совршен појадок, а незаменлив дел е и чаша цеден портокал. Сепак, дали е таа нешто со кое треба да го започнеме денот?
Растејќи, многупати имавме можност да слушнеме колку витаминот Ц е важен за нашето тело. Сепак, утрото не е најдобро време за внесување на овој витамин во човечкото тело.
Кога пиете сок од портокал или кој било друг сок, шеќерот од него го подига нивото на серотонин (хормонот на среќата), што ве прави среќни за кратко време. Но, поради дејството на инсулинот, кој се активира при внесување на сокот, наскоро ќе дојде до пад на шеќерот и енергијата. Ова е и причината зошто консумирањето овошен сок наутро не е најдобриот избор.
Првото нешто што го внесувате во телото наутро директно влијае на вашите невротрансмитери и на тоа како ќе функционира вашиот мозок. Затоа, многу е важно со утринскиот оброк да земате житарки и јаткасти плодови, а како пијалок само вода.